По 14 години, нов човек седнува на селекторското столче во француската репрезентација. Станува збор за прославениот репрезентативец и тренер Зинедин Зидан.
Она што беше објавено уште во ноември, сега стана официјално. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, стана нов селектор на Франција, на функцијата го наследи Дидие Дешан.
Дидие Дешан дури ја водеше Франција 14 години. Во тој период, „Триколорите“ освоија титули на Светското првенство 2018 и Лигата на нации 2023. Меѓу позначајните резултати се финалето на Светското првенство 2022 и ЕУРО 2016, како и полуфиналето на Светското првенство оваа година и ЕУРО 2024.
Зидан ја изгради својата тренерска кариера исклучиво во Реал Мадрид. Тој го водеше во два мандата.
Во првиот од 2016 до 2018 година, ја освои Лигата на шампионите три пати по ред, еден Ла Лига, шпанскиот Суперкуп и двапати Светското клупско првенство. Во вториот мандат, од 2019 до 2021 година, тој ја освои Ла Лига и Суперкупот на Шпанија.
Како играч, тој ги освои Светското и Европското првенство во 1998 и 2000 година со Франција.
Foto/ Depositphotos