Наполи и Милан одиграа 2:2 во дерби натпреварот, во Серија А. Милан водеше на полувреме со 0:2, во вториот дел Наполи сепак успеа да избегне пораз.
Двата гола за Милан ги постигна Оливие Жиру. Францускиот напаѓач беше исклучително незадоволен кога во 81.минута беше заменет. Не седна на клупата, туку финишот го следеше крај теренот, седнат на подвижен ладилник.
„Лут сум и фрустриран затоа што видов дека Интер, претходно го доби својот натпревар. Се надевам дека овие два загубени бода нема да не чинат подоцна. И јас сум само човек, не сум робот. Бев разочаран бидејќи сум сигурен дека можев да им помогнам на соиграчите. Имав повеќе енергија, сакав да останам на теренот. Секако, се смирив за пет минути и му кажав на тренерот. Ја почитувам неговата одлука, само го сакав најдоброто за тимот. Бев фрустриран бидејќи требаше да победиме“, заклучи Жиру.
Жиру постигна шест и забележа три асистенции за Милан во 12 настапи оваа сезона. Тимот на Пиоли е на третото место со 22 бода, три помалку од водечкиот Интер. Бранителот на титулата Наполи е четврти со 18 бодови.
Foto/ EPA