–>

Жираси може да го напушти Штутгарт за 17.500.000 евра

Жираси-може-да-го-напушти-Штутгарт-за-17500000-евра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерот на Штутгарт, во моментов најдобриот стрелец во Бундеслигата, Серу Жираси може да го напушти германскиот клуб за отштета од 17.500.000 евра, пренесува „Скај спорт Германија“.

Жираси моментално е најдобар стрелец не само во Бундеслигата туку и во Европа со 14 гола на осум натпревари. Тој има договор со Штутгарт до јуни 2026 година. Штутгарт моментално е на второто место на табелата во Бундеслигата со 21 бод.

Сепак, германските медиуми открија дека Жираси има клаузула во договорот според која веќе во јануари следната година може да го напушти Штутгарт за „само“ 17.500.000 евра.

Жираси (27) минатата сезона играше како позајмен во Штутгарт од Рен, а во текот на летото потпиша повеќегодишен договор со германскиот клуб. Пред Рен играше за Амиен, Лил, Келн, Оксер и Лавал.

Серу ги помина сите младински селекции на Франција, а од 2022 година настапува за репрезентацијата на Гвинеја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK