Завршница за инфаркт – Пелистер за 60 секунди постигна три гола и освои бод против Спортинг

12554179.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI


Еурофарм Пелистер вечерва стави крај на црната серија во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион одигра нерешено со Спортинг Лисабон 24:24 (15:13) и ја прекина серијата од 17 порази.

Пелситер во најголемиот дел го контролирапе натпреварот, одржуваше предност од два гола, но во втората половина од второто полувреме избраниците на Бранислав Ангеловски влегоа во „црна дупка“.

Пелистерци водеа 21:19, а потоа следуваше период од речиси 13 минути во кој не постигнаа гол. Играчите на Спортинг го искористија тоа и со серија од пет гола, на истекот на 58.минута стекнаа предност 21:24.

Во последните две минути се случи чудо, најпрвин погоди Радивојевиќ, потоа и Борзаш. Спортинг го имаше последниот напад на 35 секунди до крајот, Салвадор направи пробивање, а Атанасијевиќ погоди за 24:24.

Борзаш, Радивојевиќ, Кузмановски, Пешевски постигнаа по пет гола за Пелистер, а на голот повторно блескаше Митревски со 10 интервенции.

Пелситер во наредната рунда ќе и гостува на Висла.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK