Голманот на Динамо Загреб, Данијел Загорац стана петтиот најстар дебитант во Лигата на шампионите.
Загорац има 37 години, осум месеци и 29 дена. Тој доби шанса да ја чува мрежата наместо повредениот Иван Невистиќ, во победата на Динамо над Слован од 4:1.
Тројцата најстари играчи во историјата на елитното клупско континентално натпреварување се исто така голмани: Австралиецот Марк Шварцер (за Челзи против Стеауа Букурешт, 41 година и два месеци, декември 2013 година), Холанѓанецот Сандер Боскер (за Твенте против Тотенхем, 40 години и месец, декември 2010) и Италијанецот Паоло Орландони (за Интер против Вердер Бремен, 38 години и три месеци, декември 2010 година).
Најстар од оние кои играат во поле е соиграчот на Бојан Миовски во Џирона, Кристијан Стуани. Уругваецот во првото коло од Лигата на шампионите оваа сезона, против ПСЖ, имаше 37 години и 11 месеци.