За долг од 10 долари, Ал Фајха на Црвена звезда ќе треба да ѝ исплати 105.000 долари

За-долг-од-10-долари-Ал-Фајха-на-Црвена-звезда.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот шампион Црвена звезда го тужеше саудискиот клуб Ал Фајха за долг од десет долари. Клубот го доби спорто пред ФИФА, која пресуди дека Ал Фајха треба да плати 105.000 долари.


Црвена звезда во летниот преоден рок 2022 година го продаде Милан Павков во Ал Фајха.

Оштетата изнесуваше 800.000 долари. Саудијците требаа да платат до 27.август, и се обратиле на Црвена звезда и постигнле договор сумата да биде уплатена најдоцна до 27. септември.

Од Ал Фајха ја извршиле упатата во договорениот рок, но на сметката на српскиот клуб биле уплатени „само“ 799.990 долари. Поради ова Звезда го тужеше Ал Фајха до ФИФА, која пресуди во нејзина корист, па Саудијците мора да платат сто илјади долари и дополнителни пет илјади долари задоцнета камата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK