Втора победа за македонската репрезентација на СП за ракометари до 19 години

rakometari_2423432432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Македонската репрезентација се пласира во Главната фаза на Светското првеснтво за ракометари до 19 години кое се игра во Хрватска.

 


Вечерва во Риека, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ја совладаа Грузија со 27:21. Ова беше втора победа за Македонците во Ф-групата. Вчера беше совладана Црна Гора, а единствениот пораз е од Норвешка на 2 август.

 

Во Главната фаза македонските ракометни надежи за противници ќе ги имаат Данска и Австрија. Евентуални две победи за македонските ракометари ќе значат пласман во четвртфиналето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK