Во Националниот центар за спортско стрелаштво во Скопје се одржува Државното универзитетско првенство на Македонија


strelashtvo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на денешниот ден во Националниот центар за спортско стрелаштво во Скопје се одржува Државното универзитетско првенство на Македонија во поединечна конкуренција за студентки и студенти во стрелаштво со воздушна пушка.

Државното првенство го отворија Претседателот на Универзитетската спортска федерација на Македонија и Декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, проф. д-р Влатко Неделковски, како и Претседателот на Македонската спортска стрелачка федерација, Јордан Тасевски.


Овој настан традиционално се одржува со години и претставува значаен дел од развојот на универзитетскиот спорт во земјата. Интересот оваа година е особено голем, пред сè од студенти, а се очекува учество на над 400 натпреварувачи, што говори за растечката популарност на стрелаштвото кај младите и студентите и студентките генерално.

Државното првенство е во организација на Македонската спортска стрелачка федерација во соработка со Универзитетската спортска федерација на Македонија и Стрелачки клуб Стрелец Скопје со цел поттикнување на спортскиот дух, натпреварувачката култура и развојот на младите спортисти.
Учеството на 366 студенти на денешниот натпревар од кои мнозинството жени е показател дека спортското стрелаштво е еден од најмасовните поединечни олимписки спортови во Македонија со најголем интерес кај младата популација.

Натпреварот исто така е дел од проектот „Мета на промена: Родова еднаквост во стрелаштвото“ кој што е во соработка со Олимписки комитет на Северна Македонија.
-fundedByEU

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK