Вињалес на пол-позицијата во Валенсија, Бањаја стартува од втората, Мартин од шестата позиција

Вињалес-на-пол-позицијата-во-Валенсија-Бањаја-стартува-од-втората-Мартин.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маверик Вињалес ја освои пол-позицијата во пресрет на последната трака во Мото ГП шампионатот, Големата награда на Валенсија. Само возачот на Априлија, во квалификациите имаше круг под една минута и 29 секунди. Времето на најбрзиот круг на Шпанецот беше 1:28.931 минути.


Маверик Виљалес е осмиот возач во Мото ГП шампионатот, кој сезонава успеа да освои пол-позиција. Бранителот на титулата, Франческо Бањаја, ќе страртува веднаш до Виљалес. Возачот на Дукати, имаше послабо време за 92 илјадити делови од секундата. Првиот ред го комплетираше Жоан Зарко од Прамак Дукати.

Четврти и петти на стартот се возачите на КТМ Џек Милер и Бред Биндер, а единствениот конкурент на Бањаја во борбата за титулата, Хорхе Мартин (Прамак Дукати), во квалификациите беше шести. Следуваат Марко Бецеки, Алекси и Марк Маркез и Раул Фернандез.

Утре во Валенсија од 15 часот ќе се вози спринт трката. Бањаја има 21 бод повеќе од Мартин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK