Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус добил понуда вредна повеќе од една милијарда евра од Саудиска Арабија.
Извори блиски до бразилскиот крилен напаѓач во понеделникот го потврдија тоа за Ројтерс.
Официјални лица на саудискиот фонд за јавни инвестиции (ПИФ) го контактирале Винисиус (24) и го прашале дали е заинтересиран да дојде во земјата.
Винисиус има петгодишен договор на маса, вреден околу 200 милиони евра по сезона.
Пакетот вклучува и специјален 10-годишен договор со кој тој ќе стане амбасадор на Светското првенство во 2034 година, а за бројките би се разговарало подоцна.
Иако допрва треба да биде претставена официјална понуда, Винисиус не ја одбил и дозволил Арапите да стапат во контакт со Реал Мадрид.
Извори наведуваат дека Реал не е заинтересиран за оваа зделка, посочувајќи дека има и откупна клаузула од една милијарда евра.
Да потсетиме, ПИФ има 75% сопственост во четири главни клубови: Ал Ахли, Ал Итихад, Ал Хилал и Ал Наср.
Најголемиот саудиски трансфер во историјата беше доаѓањето на Нејмар за 90 милиони евра од Пари Сен Жермен во Ал Хилал.