Чешката тенисерка и шампионка на Вимблдон, Барбора Крејчикова денеска соопшти дека нема да учествува на овогодинешниот Австралија опен. Крејчикова се уште се рехабилитира од повредата на грбот.
Крејчикова, десетта на ВТА листата, која минатата година ги изненади сите со титулата на Вимблдон, се повреди за време на азиската турнеја во ноември минатата година.
„Би сакала да споделам соопштение во врска со моето повлекување од Австралија опен“, напиша на социјалната мрежа „X“ Крејчикова, која минатата сезона на Австралија опен стигна до четвртфиналето.