По заминувањето на Филип Јоргенсен во Челзи, Виљареал најде нов голман.
Станува збор за Луиз Жуниор, до неодамна голманот на португалскиот Фамаликао.
Овој Бразилец има 23 години, а изминатите три сезони беше стандарден на голот на португалскиот прволигаш.
Тој потпиша шестгодишен договор со Виљареал, а вредноста на трансферот е десет милиони фунти.
Да потсетиме, шпанскиот клуб неодамна го продаде 22-годишниот Филип Јоргенсен на Челзи за 20,7 милиони фунти.