(Видео) Зиркзе херој на дебито за Манчестер јунајтед

12447746.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Фулам со возбудлив натпревар на „Олд Трафорд“ ја отворија новата сезона во Премиер лигата.

Јунајтед победи со 1:0 (0:0) со голот на новиот играч Џошуа Зиркзе во 87. минута. За Холанѓанецот ова беше деби во дресот на Јунајтед и во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед беше фаворит, но Фулам уште еднаш ја покажа својата цврстина, долго време даваше отпор на домаќините, но не издржа.

Во финишот, во 94.минута, Јунајтед можеше да ја зголеми предноста, но се изрезили Гарначо кој промаши празен гол.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK