(Видео) Жота за триумф на Ливерпул на Селхурст Парк

Untitled-11.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Ливерпул со победа над Кристал Палас го отворија седмото коло во Премиер лигата. Ливерпул со 1:0 го порази домаќинот и ја забележа шестата победа во сезоната. Ливерпул е лидер на табелата и тука ќе остане и по комплетирањето на седмата рунда.



Не им беше лесно на „црвените“ на Селхурст Парк пред 25.000 глоедачи. Мечот го реши раниот гол на Диого Жота во деветтата минута.

Жота го постигна 60-ти гол во дресот на Ливерпул на јубилејниот 100-ти натпревар во дресот на клубот од „Енфилд“.

Португалецот можеше да постигне уште некој гол но не беше прецизен во 35. и 62. минута.

Шанса имаше и Салах во 57. минута но Дин Хендерсон одлично одбрани, а шанси за домашниот тим пропуштија Исмаил Сар во судиското надополнување и Еберечи Езе во 84. минута.

Голманот на Ливерпул, Алисон се повреди во 77. минута, па до крајот на мечот на голот на гостите беше Чехот Витеслав Јарош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK