(Видео) „Зборувај сега, зборувај сега“: шпанското „чудо од дете“ погледна во камерата и одговори на провокацијата на ривалот

Lamin-Jamal.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ламин Јамал ​​е апсолутен хит на Европското првенство. Со само 16 години прави магии на фудбалските терени, а токму тој е најзаслужен што Шпанците со победата од 2:1 над Франција се враќаат во финалето на Европското првенство.



По седми пат во историјата ќе играат во големото финале, а досега трипати го кренаа трофејот.

По натпреварот, Јамал ​​погледна директно во камерата и рече.

„Зборувај сега, зборувај сега“, извика младиот Шпанец.

Пред натпреварот, Адриен Рабио изјави дека младиот Шпанец ќе мора да покаже многу повеќе за да имаат шанса Шпанците да играат во финалето.

Одговорот не можеше да биде подобар.

„Јамал ​​ќе мора да покаже повеќе од тоа што го направи досега доколку сака да биде во финалето“, изјави претходно Рабио.

Јамал ​​навистина направи чекор напред против Франција. Постигна еден гол, создаде две шанси, двапати ја украде топката, доби шест дуели на земја и изнуди два фаули. На само 16 години постигна оценка осум.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK