(Видео) Започна соработката Ѓоковиќ-Мареј

1736236877-GettyImages-2192764927.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Официјално започна ерата на Новак и Енди, судејќи според сликите кои кружат на социјалните мрежи објавени од Австралија опен.


Српскиот тенисер, во понеделникот пристигна во Мелбурн, на својот омилен Грен слем, откако неодамна беше поразен во Бризбејн, во средата го одработи првиот тренинг со својот нов тренер.

Поранешниот британски тенисер не беше во „боксот“ на Новак за време на турнирот во Бризбејн, бидејќи беше на одмор и сега е подготвен да му помогне на Ѓоковиќ во „ловот“ на 25. Грен слем титула.

Објективот на камерата ги сними Ѓоковиќ и Мареј за време на нивниот прв тренинг во Мелбурн, а официјалните канали на Австралија опен ја споделија снимката и открија поглед од почетокот на соработката меѓу двајцата големи пријатели, додека од другата страна на мрежата, во улога на спаринг партнер беше Џејк Дрејпер.

Отвореното првенство на Австралија се игра од 12. до 26. јануари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK