(Видео) Започна новата ера во Лос Анџелес: Дончиќ дебитираше за Лејкерси


2025-02-11T051917Z_457083746_MT1USATODAY25386755_RTRMADP_3_NBA-UTAH-JAZZ-AT-LOS-ANGELES-LAKERS-scale.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лука Дончиќ го забележа својот прв настап за ЛА Лејкерс во победата на неговиот тим над Јута Џез од 132:113. Инаку, секој навивач на Лејкерс во салата доби маица со неговото име и број, а пред почетокот на разгласот ечеше хитот на српската фолк пејачка, Ана Бекута „Имам џедан живот“.


Словенечкиот кошаркар и НБА суперѕвезда дебитираше за Лејкерс откако на почетокот на месецот беше трејдуван од Далас Маверикс.

Ова беше огромен шок за кошаркарската јавност, но се чини дека Лејкерси долгорочно ќе бидат многу позадоволни од овој трејд.

Лука направи и увертира, донираше 500.000 долари за помош на погодените од пожарите во Лос Анџелес, со потпис „вашиот нов сосед“.

Дончиќ не одигра добро на првиот натпревар, но тоа беше доволно за убедлив триумф на неговиот тим. Словенецот за 23 минути на теренот постигна 14 поени (5/14 од поле) и имаше пет скока и четири асистенции.

Леброн Џејмс со 24 поени, седум скока и осум асистенции ги предводеше Лејкерси, додека Остон Ривс и Руи Хачимиуа искомбинираа 43 поени. Лејкерси се четврти на Западот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK