Кошаркарите на Бостон Селтикс со убедлива победа од 132: 109 ја започнаа одбраната на титулата во НБА лигата.
Најефикасни во тимот на Бостон беа Џејсон Тејтум со 37 поени и 10 асистенции, Дерик Вајт со 24 поени и Џејлен Браун со 23 поени, двоцифрени беа Џру Холидеј со 18 (по четири скока и асистенции). и Ал Хорфорд со 11 и Сем Хоаусер со 10.
Во тимот на Њујорк најефикасни беа Џејлен Бренсон и Мајлс Мекбрајд со по 22 поени, а Мајлс Бриџис со 16 поени.
Најголемото засилување на Карл Ентони Таунс, немаше деби за паметење. Тој постигна 12 поени, имаше седум скока и три асистенции. Ист поентерски учинок имаше и Џош Харт, а двоцифрен беше и Камерон Пејн со 11 поени.
Селтикси беа доминантна екипа во текот на целиот натпревар, а доказ за тоа е и тоа што постигнаа дури 29 тројки (Тејтум осум), што е рекорд за франшиза. Исто така, на полувреме заминаа со 17 погодени тројки, што е и најмногу во историјата на тимот од Масачусетс.
Во следниот натпревар Бостон ќе игра на гостински терен против Вашингтон, додека Њујорк ќе ја пречека Индијана.