(Видео) Волејот на Ракитиќ ја спаси Севилја од пораз во Кадиз

Видео-Волејот-на-Ракитиќ-ја-спаси-Севилја-од-пораз-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ривалите од Андалузија, Кадиз и Севилја одиграа 2:2 во 11.коло, во Примера. Гостите од Севилја го освоија „послаткиот поен“, бидејќи во првиот дел губеа со 2:0.


Крис Рамос во осмата и Давид Мачис во 28.минута, искористија две грешки на потесната одбрана на Севилја и го совладаа Ниланд.

Окампос ја врати Севилја во натпреварот со голот во 37.минута. Конечниот резултат со својот прв гол оваа сезона во Примера, го постави Ракитиќ во 60.минута.

Поранешниот хрватски репрезентативец фати волеј, топката доби чудна патека и во висок лак падна зад грбот на Ледесма.

По 11 кола, Севилја и Кадис имаат по 10 поени и се наоѓаат на 13. и 14. место.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK