(Видео) Вембањама едногласно избран за дебитант на годината

12_22_17.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Виктор Вембањама (20) е добитник на трофејот Вилт Чембрлен, награда која се доделува на најдобриот дебитант во НБА.


Центарот на Сан Антонио Спарс стана првиот француски кошаркар со оваа награда, но и прв по Карл-Ентони Таунс од сезоната 2015/16, кој едногласно беше избран за дебитант на годината.

Сите 99 новинари кои гласаа во овој избор, својот глас му го дадоа на 224 сантиметри високиот Вембањама. Второто место во овој избор му припадна на Чет Холмгрен од Оклахома сити тандер. Еден новинар го рангираше на третото место, а 98 го рангираше на второто место. Трет беше Брендом Милер од Шарлот Хорнетс, со еден глас на второто и 83 на третото место.

Вембањама ги предводеше дебитантите во поени (21,4), скокови (10,6), блокади (3,6) и беше втор по украдени топки (1,2) и четврти по асистенции (3,9). Со просек од 3,6 блокади по натпревар, тој беше и најдобар блокер во НБА.

Тој е третиот играч на Сан Антонио Спарс добитник на награта дебитант на годината. Наградата која се доделува од сезоната 1952/53, во дресот на Спарс ја добија легендите на франшизата, Дејвид Робинсон (1989/90) и Тим Данкан (1997/98).

Инаку, Спарс ја завршија сезоната со 22 победи и 60 порази.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK