(Видео) Ужас во Словенија – Топовски удар повреди фудбалери

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Марибор водеше со 2:0 на гостувањето кај Мура, сигурно чекореше кон победата, но потоа се случи инцидент поради кој натпреварот беше прекинат. Иронијата да биде уште поголема, инцидентот го предизвикаа навивачите на Марибор.


Во второто полувреме се слушна топовски удар, а наводно се се случило во близина на домашните играчи кои се загревале. Станува збор за Ник Касало и Тилен Шчерњавиќ.

Бидејќи беше невозможно да се тргнат навивачите на гостинскиот тим од трибините, натпреварот беше прекинат.

Инцидентот се случил во 57. минута. Од силниот звук Касало и Шерњавич паднаа на земја. Според последните информации, во Итната помош завршиле вкупно шест лица, од кои двајца со тешки изгореници. Можно е двајцата резервни играчи да бидат надвор од терените повеќе од шест недели.

Повреден е и Жига Лаци, собирач на топки и кондициониот тренер на Мура.

Судијата Давид Шмајц го прекина натпреварот. Првично, натпреварот требаше да продолжи во случај да биде испразнета трибината на која беа навивачите на Марибор, но откако тие одбија да заминат натпреварот беше прекинат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK