(Видео) Уште еден скандал на судијата Кут, шмркал кокаин

4374287_3_articlemedium_SOCCER_20Referee_20_2015381035.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дејвид Кут продолжува да ги полни насловните страници на англиските таблоиди.


Суспендираниот фудбалски судија, кого пријател го „излажа“ пред камера да признае што мисли за Јирген Клоп, овојпат се соочува со уште посериозни обвинувања кои дефинитивно може да му ја запечатат професионалната кариера.

Медиумите на Островот добија видео долго осум секунди споделено на „WhatsApp“, на кое наводно се гледа како Кут „шмрка“ кокаин за време на овогодинешното Европско првенство во Германија.

Кут беше повикан на ЕУРО како специјалист за ВАР, но не судеше, туку си ја вршеше работата од ВАР собата.

Кога беше суспендиран поради навреда на поранешниот менаџер на Ливерпул, но и на самиот тим на „црвените“, судијата од Нотингемшир во своја одбрана рече дека снимката е лажна.

Ќе биде интересно да се слушне неговото објаснување за тоа кој е човекот со завитканата банкнота од американски долар и линијата бел прав на масата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK