(Видео) Триумф на Ливерпул во Барнли, Борнмут ја продолжи успешната серија, Шефилд се „самоубија“ против Лутон

Видео-Триумф-на-Ливерпул-во-Барнли-Борнмут-ја-продолжи-успешната.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


Фудбалерите на Ливерпул славеа кај Барнли и се вратија на челната позиција во Премиер лигата. Претодно сигурна победа забечежа Борнмут и ја продолжи неверојатната серија, а Шефилд јунајтед се „самоубија“ со два авто-гола против директниот конкурент за опстанок, Луон.

Во Барнли, Ливерпул издоминира во првиот дел кој го заврши со предност од 0:1. Голот во шестата минута го постигна Дарвин Нуњез.

Во вториот дел откако беше поништен голот на Харви Елиот, поради офсајдот во кој беше Мо Салах, во 55.минута, Барнли ја презеде контролата и до 85.минута имаше неколку опасни напади.

Точка на победата на Ливерпул стави Диого Жота во 90.минута.

Претходно Лутон победи на „Брамал Лејн“, кај Шефилд Јунајтед со 3:2.

Во натпревар со два пресврти, Лутон успеа да слави. Гостинскиот играч за врска Алфи Даути продолжи со добрите настапи, постигна гол за водство во 17. минута.

Тој гол беше единствен во првото полувреме, а во продолжение Шефилд јунајтед дојде до пресврт со головите на Оли Мекбурн во 61. минута и на Анел Ахмедхоџиќ во 69. минута.

Сепак, избраниците на Крис Вајлдер го претрпеа 14-от пораз сезонава, откако Робинсон и Слиман си постигнаа два автогола во интервал од само четири минути.

Во вториот меч во денот, Бурнмут беше сигурен на домашен терен, го победи Фулам со 3:0.

Головите ги постигнаа Џастин Клајверт во 44. минута, Доминик Соланке во 62. минута од пенал и Луис Синистера во третата минута од судиското надополнување.

Соланке го постигна 13-ти гол во сезоната и моментално на листата на најдобри стрелци пред него е само Ерлинг Халанд со 14 голови.

Борнмут ја продолжи серијата на добри резултати. Тимот на Андони Ираола е во низа од четири победи, а на последните седум натпревари од можните 21 освои 19 бодови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK