(Видео) Тренерот на Наполи од Рим се вратил со такси, никој не забележал дека не е во автобусот

Видео-Тренерот-на-Наполи-од-Рим-се-вратил-со-такси.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Наполи синоќа загуби од Рома, во Рим (2:0), а по натпреварот цела Италија им се смее за пропустот што го направија.



Разочарани од играта и резултатот, никој во експедицијата на Наполи не забележал дека во клупскиот автобус го нема тренерот Валтер Мацари.

Тренерот немал друг избор освен да се врати дома – со такси.

Италијанските медиуми пренесуваат дека искусниот стручњак останал уште малку на стадионот во разговор со новинарите, на кои им ги објаснил причините за поразот од „волчицата“.

Поради несериозност на некој од тимот Мацари морал со такси да мине далечина од 230 километри колку што е растојанието меѓу двата града.

По 17 кола во Серија А, Наполи има 28 бодови и се наоѓа на седмото место на табелата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK