Во Премиер лигата, во терминот од 20.30 часот, се одиграа дванатпревари од 19 коло. Челси славеше над Кристал Палас, а Вулверхемптон како гости го декласираа Брентфорд.
Фудбалерите на Челзи на домашен терен го победија Кристал Палас со резултат 2:1.
„Сините“ поведоа во 13. минута кога Михајло Мудрик во гол го претвори додавањето на Мало Густо. Во самиот финиш на првиот дел милел Олисе го изедначи резултатот.
Челси во вториот дел повеќе напаѓаше, ВАР поради офсајд го поништи голот на Николас Џексон, во 90.минута Нони Модуеке од пенал им ја донесе победата на „сините“.
Вулверхемптон лесно триумфираше над Брентфорд на гостински терен со резултат 4:1.
„Волците“ ја искористија лошата форма на Брентфорд, во првите 30 минути постигнаа три гола. Марио Лемина прв погоди во 13. минута, три минути подоцна на 1:1 израмни Јоан Виса.
Следуваа два гола на Хај Чан Хванг, а тошка на натпреварот стави во 79.минута, Жан-Рикнер Белегард.