Фудбалерите на Манчестер јунајтед беа поразени во првиот подготвителен натпревар за новата сезона, што видно го налути менаџерот Ерик Тен Хаг.
Во понеделникот, Манчестер јунајтед гостуваше кај Розенборг и загуби (1:0) во Трондхајм со гол во 93. минута.
Јунајтед настапи во комбиниран состав, многу фудбалери се уште не се приклучиле на подготовките по обврските за ЕУРО 2024 и Копа Америка, но во стартниот состав, меѓу другите, беа Маркус Рашфорд, Касемиро, Мејсон Маунт, Арон Ван-Бисака, Џони Еванс…
„Резултатот е секогаш важен, без разлика дали зборуваме за подготвителни натпревари. Кога си во Манчестер јунајтед од тебе се очекува да победуваш цело време. Ако не можете да победите, не треба да изгубите“, изјави Ерик Тен Хаг за клупската веб-страница.
„Нашиот настап против Розенборг не беше доволно добар. Ние сме Манчестер јунајтед и треба да бидеме подобри“, повтори Тен Хаг.
Ready when called upon.
Well played, Radek 👊#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) July 15, 2024