Фудбалерите на Интер Мајами ја совладаа Атланта јунајтед со 2:1 во првиот натпревар од осминафиналето на плејофот на МЛС лигата.
Мајами победи на домашен терен со головите на Луис Суарез и Џорди Алба.
Домашните поведоа со голот на Уругваецот во втората минута, но до крајот на првиот дел Атланта успеа да возврати. Грузиецот Саба Лобјанидзе го израмни резултатот во 39. минута.
Сепак, Интер успеа да дојде до победата во второто полувреме, Џорди Алба погоди во 60. минута на асистенција на Лионел Меси и со тоа го постави конечниот резултат 2:1.
Меси по два последователни хет-трика овојпат не успеа да се запише меѓу стрелците.
Реваншот е закажан за 3 ноември во Атланта, а победникот од тој меч во четвртфиналето ќе се соочи со победникот од пресметката помеѓу Орландо Сити и Шарлот.
.