(Видео) Страшни сцени по фудбалски натпревар, најмалку сто загинати

551135_1234_f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Страшни сцени беа видени на крајот од фудбалскиот натпревар во Гвинеја. Хоророт се случил во градот Н’Зерокоре.


Во завршните моменти од натпреварот помеѓу Н’Зерокоре и Лабе започна судир меѓу навивачите и полицијата.

Ова се случи откако двајца играчи на гостите добија црвени картони. Наводно, еден од министрите побарал да се поништат.

Потоа следуваше пенал за Лабе, а тоа ги разбесни домашните навивачи кои почнаа да фрлаат камења.

Полицијата возврати со солзавец, настана хаос и се се пренесе на улиците.

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледаат безживотни тела на асфалтот.

Според одредени информации најмалку 100 луѓе загинале.

Засега не се објавени официјални податоци за бројот на жртвите.

„Се започна поради спорната судиска одлука. Потоа навивачите упаднаа на теренот“, изјави еден сведок за Франс прес.

Видеата и сликите на социјалните мрежи покажуваат хаотични сцени надвор од стадионот, со големи групи луѓе кои се обидуваат да се искачат преку ѕидови и бројни тела на земја. Би-би-си не можеше самостојно да ги потврди овие видеа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK