(Видео) Страшен инцидент помеѓу Бецеки и Вињалес

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голем инцидент ја обележа спринт трката на патеката „Филип Ајленд“ во Австралија. Во претпоследниот круг се судрија возачите на ВР46 и Априлија, Марко Бецеки и Маверик Вињалес.



Во моментот кога се случи страшниот инцидент, двајцата се бореа за петтата позиција, а беа блиску да го нападнат Франческо Бањаја (Дукати) кој беше пред нив.

Вињалес го престигна Бецеки на стартно-целната рамнина, но во првиот свиок Италијанецот направи голема грешка, веројатно мислеше дека неговиот ривал нема да кочи толку рано и се заби во мотоциклот на Вињалес.

Двајцата излетаа од патеката.

Победата во спринтот, прва на патеката „Филип Ајленд“, ја освои Хорхе Мартин од Прамак Дукати, пред Марк Маркез (Гресини Дукати) и Енеа Бастианини (Дукати).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK