(Видео) Среде натпревар тргна да собира автограми од ѕвездите на Барселона

Видео-Среде-натпревар-тргна-да-собира-автограми-од-ѕвездите-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Барселона го победи Шахтјор со 2:1 во третото коло од групата Ц во Лигата на шампионите.


Хрватскиот тренер Марино Пушиќ (52) кој со години работеше како асистент во Холандија, дебитираше на клупата на украинскиот тим.

Тоа е само негова втора самостојна работа во сениорскиот фудбал, претходно го водеше Твенте во сезоната 2018/19. и ја освои втората холандска лига. Во изминатите две години беше помошник на Арне Слот во Феенорд.

За време на натпреварот против Барселона, еден од фитнес тренерите на Пушиќ отишол кај играчите на Барселона за да добие автограми.

Гави, Педри, Рафиња, Френки де Јонг и Роберт Левандовски не играа за Барселона, а кондициониот тренер на Шахтјор тргна кон нив за да му ја исполнат желбата, што ги изненади дури и ѕвездите на Барса.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK