(Видео) Совршено деби за Консеисао – Милан со пресврт го победи Јувентус

12720842.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Милан се пласираа во финалето на италијанскиот Суперкуп, откако во Ријад, во второто полуфинале го победија Јувентус со 2:1 (0:1).


„Старата дама“ од Торино имаше се во свои раце во поголемиот дел од натпреварот, откако поведе во 21. минута со голот на Кенан Јилдиз.

Од тој момент, Тиаго Мота реши да ги повлече своите играчи, во обид на тој начин да ја контролира играта без многу ризик.

Тренерот на Јувентус во 65.минута го повлече од теренот единствениот класичен напаѓач, Душан Влаховиќ и од тој момент неговиот тим стана целосно безопасен.

Ваквата определба му се удри од глава во следните 10 минути.

Најпрво во 70. минута Локатели аматерски реагираше, направи пенал, кој Кристијан Пулишиќ го претвори во 1:1.

Пет минути подоцна, Федерико Гати си постигна автогол по центаршутот на Муса од десната страна.

До крајот „бјанконерите“ залудно напаѓаа, без идеја и шанса се до последните секунди кога Гати промаши голема шанса.

На овој натпревар на клупата на Милан дебитираше новиот тренер Сержо Консеисао.

Финалето во Суперкупот ќе се одигра во понеделник, противник на Милан ќе му биде градскиот ривал Интер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK