(Видео) Шпанците во еден глас: Ендрик мораше да биде исклучен

12523744.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Големи полемики предизвика арбитражата на Муниз Руиз на натпреварот Реал – Алавес (3:2) во седмото коло од Ла Лига. Домаќините му замеруваат дека им дал „премногу картони за приговори“ (три), додека гостите се бесни што не го исклучи младиот ас на Реал, Ендрик на седум минути пред крајот.


На видеото се гледа дека се стрча и намерно со колено го удри својот ривал Мурињо во меѓуножјето. Муниз Руиз му покажа жолт картон, што на големо негодување на фудбалерите на Алавес.

Драматичниот исход само го зголеми нивниот гнев. Имено, во моментот кога Ендрик требаше да биде исклучен, Реал водеше со 3:0, но Алавес до крајот намали на 3:2. Гостите истакнуваат дека со играчот повеќе можеби ќе можеа да направат неверојатен кам-бек против шампионите на Шпанија и Европа.

„Потегот на Ендрик е за црвен картон. Последните 10 минути требаше да ги одиграме со играч повеќе. Можеби немаше да победиме и да се вратиме во мечот, но требаше да се игра 10 на 11. Никој не може да каже дека тоа не е црвен картон. Со намера го направи тоа“, изјави тренерот на Алавес, Луис Гарсија Плаза.

Плаза не е единствениот кој смета дека Ендрик заслужил црвен картон. Ова го тврдат и судиски експерти од сите шпански медиуми, па дури и од „Марка“, која традиционално го фаворизира Реал.

„Тоа не беше опасен удар, но фактот што се случи далеку од топката или од некаков дуел може да се казни со исклучување. Инаку, главниот судија не го виде ова, но ВАР судијата, Фигуероа Васкез мораше да му го посочи тоа“, рече Перез Бурул на „Радио Марка“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK