(Видео) Шоу на Гризман и Љоренте, Атлетико ја прегази Џирона

12461762.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Атлетико Мадрид ја порази Џирона со 3:0 (1:0), во последниот натпревар од второто коло во Примера. За Џирона дебитираше Бојан Миовски, влезе на теренот во 60.минута, а во 68. имаше шанса но не слабо шутираше и Јан Облак го одбрани неговиот удар.

Атлетико ртински ја победи Џирона и покрај тоа што гостите го имаа поседот на топаката и изведуа дури девет корнери.

На поразот кумуваше голманот Газанига, со две лоши реакции. Најпрвин во 40 минута лошо процени една топка, игрше со рака надвор од шеснаесетникот. Од слободниот удар Гризман го постигна првиот гол.

На стартот од второто полувреме, во 48.минута, Гризман му асиситираше на Љоренте. Играчот на Атлетико ја влече топјата 30 метри, дојде во зона на шутот и потоа од 20 метри испрати проектил кој мина низ рацете на Газанига.

Конечниот реузлтат во 95.минута го постави капитенот Коке. Целата работа ја заврши Бариос, а потоа играчот на мечот Љоренте му асистираше на Коке кој од пет метри ја смести топаката во голот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK