(Видео) Шок за Пеликанс, Мареј си ја скрши раката

Untitled-7-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

И покрај триумфот над Чикаго Булс (123:111), новата сезона започна катастрофално за Њу Орлеанс Пеликанс.


Пеликаните во првиот меч останаа без еден од клучните играчи.

Како што објави EСПН, Дежонте Маре се здобил со фрактура на левата рака. Мареј доминираше на премиерата против Чикаго Булс со 14 поени, 10 асистенции и осум скока, до повредата.

Ова беше негов деби настап за Пеликанс, на кои им се приклучи во трејдот од Атланта Хокс минатото лето.

Мареј се повреди на две минути пред крајот на мечот, по контактот со Зек Лавин при шут за три поени, Мареј падна на грб, амортизирајќи го падот со левата рака.

И покрај повредата, тој погоди две од трите слободни фрлања, но потоа ја напушти играта.

Мареј стана третиот играч во историјата на Њу Орлеанс кој забележал десет асистенции во своето деби, по Брендон Дејвис (2002) и Елфрид Пејтон (2018).

Тој изгуби само една топка во текот на натпреварот.

Ова е голем удар за Пеликанс бидејќи Зион Вилијамсон го пропушти отворањето на сезоната поради болест, негов 207-ми пропуштен натпревар откако беше драфтуван како прв пик во 2019 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK