(Видео) Шок во САД, Меси и Интер ја завршија сезоната

12619646.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Атланта јунјтед го направи најголемото изненадување во историјата на плејофот на МЛС купот, објави официјалниот сајт на ова натпреварување, откако синоќа во третиот натпревар го совлада Интер Мајами со 3:2 и ги елиминираше Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс, Џорди Алба и нивните соиграчи од плеј-офот.


Интер Мајами влезе во плејофот како најдобар тим во МЛС и освои дури 34 бода повеќе од Атланта (74:40) во сезоната од 34 натпревари. Против деветтиот тим на Истокот имаше водство од 1:0 во серијата која се играше на две победи, но тоа не му беше доволно, да се пласира во конференциското полуфинале. Атланта во полуфиналето на конференцијата ќе ги одмери силите со Орландо сити.

Матиас Рохас во 17. минута го доведе Интер Мајами во водство, а потоа гостинскиот тим за само две минути направи пресврт и Џамал Тиаре погоди во 19. и 21. Меси постигна гол со глава во 65. минута и го израмни резултатот на 2:2. Малку подоцна ќе се покаже дека неговиот 23-ти гол сезонава (има и 13 асистенции) на 25-от натпревар беше и последен оваа сезона, бидејќи Бартош Слис ја заврши сезоната за Интер Мајами во 76-та минута.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK