(Видео) Сензација во Шефилд – Јизе Ву ја освои титулата


untitled-14.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јизе Ву стана вториот најмлад играч кој ја освои титулата светски шампион во снукер, откако го победи Шон Марфи со 18:17 во спектакуларно финале.


Во натпревар полн со драма, Ву и Марфи го одиграа првото финале решено во последниот фрејм од 2002 година, кога Питер Ебдон го победи Стивен Хендри.

Ова е четврти пат од 1977 година и преместувањето на турнирот во „Крусибл“, решавачкиот натпревар да стигне до самиот крај, односно до последниот фрејм.

Како и претходните вакви дуели, и овој беше исклучително возбудлив, со храбра и напаѓачка игра од двајцата играчи во одлична завршница.

Ву беше елиминиран во првото коло на претходните две Светски првенства, во својата професионална кариера имаше една рангирана титула пред да дојде во Шефилд – каде што живееше во изнајмен стан со својот татко и тренираше во претходните месеци – а таа титула ја освои и на територијата на Кина.

Ова е практично неговиот прв триумф во странство.

22-годишниот Јизе на патот до титулата елиминира големи имиња на снукерот: Леи Пејфан во првото коло (10:2), четирикратниот светски шампион Марк Шелби во осминафиналето (13:11), Хосеин Вафеи во четвртфиналето (13:8), Марк Ален во незаборавното полуфинале (17:16) и, конечно, Марфи во финалето (18:17).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK