Кошаркарите на Филаделфија во Њујорк ги победија Никс со 79:73. Инцидентот во финишот го обележа овој натпревар.
На четири минути пред крајот на натпреварот, по нападот на Њујорк, судиите не се огласија кога Кели Убре Јуниор го фаулираше Донте ДиВинченцо под кошот.
ДиВиченцо доби удри по глава, а потоа збесна откако не доби фаул.
Со боречки зафат го фати за левата нога на Убре и го собори на подот.
Во гужвата се вклучија и останатите играчи, а на крајот од клупата влетаа помошниците тренери на двата тима за да ги разделат.
ДиВиченцо, Хартенштајн и Рид заработија технички грешки.
Kelly Oubre Jr. and Donte DiVincenzo got into it 🍿
DiVincenzo, Isaiah Hartenstein, and Paul Reed were assessed technical fouls. pic.twitter.com/uo3hwEHcJD
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) March 11, 2024