Сан Антонио Спарс надополнија негатива од 20 поени и славеа во дуелот со Феникс Санс 115:114. Трагичар беше Кевин Дурент кој во завршницата најпрвин загуби топка, а потоа промаши шут за победа.
Кендал Џонсон ги предводеше Спарс до првата победа над Санс по девет последователни порази со 27 поени (10/20 од поле) и четири асистенции.
Џонсон беше херојот за Спарс бидејќи му ја украде топката на Дурент во последните моменти, а потоа постигна кош за прво водство на неговиот тим на натпреварот на две секунди до крајот.
По 18 поени постигнаа Девин Васел и првиот пик Виктор Вембањама, кој имаше и осум скока.
Двоцифрен учинок кај „мамузите“ имаа и Зек Колинс со 14 и Тре Џонс со 10 поени.
Санс повторно играа без Девин Букер и Бредли Бил, најефикасен беше Дурент со 36 поени (12/19) со седум асистенции.
Ерик Гордон постигна 20, Грејсон Ален 19, додека Јусуф Нуркиќ имаше дабл-дабл со по 12 поени и скокови.
Двата тима по четири одиграни натпревари имаа учинок 2-2.
Резултати:
Кливленд – Њујорк 91:109
/Мичел 26 – Рендл, Бренсон 19/
ЛА Клиперс – Орландо 118:102
/Џорџ 27 – Bankero 15/