Наместо добри вести за новогодишните празници, навивачите на Ливерпул овој петок, 3 јануари 2025 година, добија „студен туш“.
Еден од најдобрите играчи во историја на „црвените“ и миленик на најмладата генерација навивачи на клубот од „Енфилд“ во интервју за „Скај спорт“ откри дека ова му е последна сезона во клбот.
„Навистина сакам да ја освојам Премиер лигата оваа сезона бидејќи ова ми е последна сезона во клубот“, изјави Мохамед Салах, кој оваа сезона е во нереална форма.
„Сакам да му дадам на градот нешто посебно“, додаде тој, посочувајќи дека нема да го продолжи договорот со Ливерпул, каде што дојде во 2017 година од Рома и до денес постигна 231 гол и забележа 105 асистенции на 375 натпревари.
Оваа сезона игра подобро од било кога, Новата година ја дочека со 20 гола и 17 асистенции на 26 натпревари.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Mo Salah has confirmed it’s his last season at Liverpool:
🗣️ “I really want to win the Premier League this season as it’s my last year at the club. I want to give something special to the City.”
(Source: @SkySports ) pic.twitter.com/TmvJXkAlCU
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 3, 2025