(Видео) Рутински победи на САД и Уругвај на Копа Америка

12322476.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Репрезентациите на САД и Уругвај со победи стартуваа на Копа Америка. Уругвај ја победи Панама, а САД славеа победа во дуелот со Боливија.

Домаќинот на Копа Америка, САД на стадионот „Хард Рок“ во Мајами со головите на Кристијан Пулишиќ во третатаи Фоларин Балогун во финишот на првото полувреме, славеа над аутсајдерот Боливија со 2:0.

Репрезентацијата на Уругвај во вториот натпревар во денот ги оправда очекувањата и ја победи Панама.

Избраниците на Марсело Биелса со победата од 3:1 над Панама направија голем чекор кон пласман во четвртфиналето.

Иако овој нов тим на Уругвај повеќе не може да се потпира на најголемите ѕвезди во репрезентацијата како Единсон Кавани и Луис Суарез, сепак Урусите се сериозен тим.

Навивачите на Уругвај мораа да чекаат до 16. минута за првиот гол, кога погоди Максимилијано Араухо, по асистенција на Маркус Виња.

Во вториот дел од натпреварот Дарвин Нунес ја зголеми предноста на својата репрезентација, а Виња ја потврди победата во судиското надополнување. Почесниот гол за Панама го постигна Муриљо во 95. минута.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK