(Видео) Рома се обложил дека ќе добие жолт картон

Видео-Рома-се-обложил-дека-ќе-добие-жолт-картон.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Централна тема во сите италијански медиуми денеска е скандалот во режија на фудбалери и репрезентативци од Серија А, кои нелегално се обложувале.


Заедничката истрага на полицијата и обвинителството откри дека некои од фудбалерите вложиле многу пари на натпреварите што ги играле.

Засега се познати имињата на четворица осомничени: Николо Фаџоли (Јувентус), Сандро Тонали (Њукасл), Николо Заниоло (Астон Вила) и Никола Залевски (Рома).

Фаџиоли веќе призна во полиција дека се обложил, Тонали и Занило исто така потврдија дека се коцкале, но само на онлајн покер платформи, а не на фудбалски натпревари.

Во меѓувреме италијанска „Ла Република“ излезе со нови стории за незаконските активности на четвртиот познат играч од оваа листа, Полјакот Залевски од Рома.

Тој, ако оваа шпекулација се покаже како точна, отишол најдалеку. Во моментов не е под истрага на обвинителството кое се занимава со овој случај, но тоа би можело да се случи наскоро.

Имено, во мај оваа година, според сознанијата на „Ла Република“, младиот фудбалер на Рома и репрезентативец на Полска се обложил дека ќе добие жолт картон на натпреварот против Салернитана во 94.минута. Снимките потврдуваат дека тоа се случило.

Според италијанскиот закон, на спортистите во таа земја им е забрането да се обложуваат на натпревари организирани од Италијанската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА.

Оние кои ќе го прекршат правилото се соочуваат со парична казна од 25.000 евра и забрана за игра до три години.

Поради скандалот кој излезе на површина, италијанскиот фудбал повторно поради поединци е на столбот на срамот.

Што се однесува до Тонали и Заниоло, државното обвинителство во Торино покрена истрага, а двајцата играчи го напуштија репрезентативниот камп во Коверчано, од каде беа однесени во полиција на информативен разговор. Тие секако нема да бидат дел од тимот на Луќан Спалети за евроквалификациите со Малта и Англија, но добија дозвола да се вратат во своите клубови во Англија.

Истрагата продолжува и во наредните денови може да очекуваме уште непријатни вести за фудбалерите и самиот италијански фудбал.

Инаку, полицијата дошла на овие патеки сосема случајно, инаку, бидејќи ги следела активностите на криминална група.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK