(Видео) Рома гази на стартот од сезоната – Покер голови во мрежата на Лече


14252464.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Рома победија во Лече со 4:0 во второто коло од Серија А.


И овој пат, брилијантниот Дониел Мален, кој е одличен од почетокот на сезоната, блескаше за „Волчицата“. Холандскиот напаѓач двапати ја погоди мрежата на овој натпревар и стигна до петтиот гол во Серија А.

Токму тој ја отвори одбраната на Лече, кога се најде на вистинското место и со прецизен удар ја погоди левата страна.

Вториот гол е мало ремек-дело. Тој ја прими топката во шеснаесетникот и го проби голманот на Лече.

Одлично прво полувреме круниса Суле. Во второто полувреме, Рома го постигна четвртиот гол, кога португалскиот тинејџер, Мора го постигна својот прв гол во дресот на клубот од Рим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK