(Видео) Ремек дело на Барди – Македонија и со играч помалку ја победи Ерменија

12496049.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI


Македонија ја победи Ерменија со 2:0 (0:0) и ги задржа шансите за освојување на првото место во Групата 4, во Ц дивизијата од Лигата на нации. Македонија, до победата дојде во второто полувреме, кое го играше со фудбалер помалку, со головите на Барди и Миовски.

Фудбалската репрезентација на Македонија ја прекина лошата низа и по 11 месеци успеа да забележи победа. Интересно, пред неполна година, Македонија ја победи Ерменија во пријателски натпревар во Струмица, а против истиот ривал ја прекина серијата од седум натпревари без победа.

Избраниците на Благоја Милевски беа подобри на теренот, не и дозволија на Ерменија ниту еднаш сериозно да се закани по голот на Димитриевски и на крајот заслужено го запишаа привиот триумф во новата сезона во Лигата на нации.

Во првиот дел Елмас имаше одлична шанса во 21.минута. По додавањето од Барди, Елмас малку откосо шутираше со десна но Чанчаревиќ одбрани. 20 минути подцна Барди се обиде од далечина, ударот заврши малку над голот.

Зајков доби жолт картон во 44.минута, а истиот играч поради приговор доби уште еден на истекот од првото полувреме.

Со играч помалку во вториот дел, Македонија им ја препушти топката на противниците, а својите шанси ги бараше во контранападите.

По една контра која ја истрча Елмас, се обиде Миовски, но неговиот удар беше изблокиран.

Во 70.минута, Барди од 25.метри совршено изведе слободен удар. Топката заврши во горниот лев агол од голот на Чанчаревиќ. Капитенот го постигна 18.гол за националниот тим.

Осум минути подоцна Миовски стави точка на натпреварот.

North Macedonia [2] – 0 Armenia – Bojan Miovski 80′
byu/etclassico insoccer

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK