Фудбалерите на Челси вечерва на „Стенфорд Бриџ“ ја забележаа највисоката победа во историјата на Конференциската лига. „Сините“ со 8:0 славеа над ерменскиот претставник Ноа. Овој тим во квалификациите за пласман во Конференциската лига, лето, ја елиминира Шкендија.
Челси, во конкуренцијата каквашто владее во најмладото натпреварување на УЕФА е апсолутен фаворти за титулата.
Вечерва имаа лесен тренинг против Ноа. Тимот на Енцо Мареска постигна шест гола во првото полувреме. Серијата ја отвори Адарабиојо 12, а потоа стрелаа прецизно Гиџу 14, Дисаси 18, Феликс 21, 42 и Мудрик во 40.минута.
Никогаш во историјата на европските купови англиски клуб не постигнал шест гола во едно полувреме. Во второто полувреме катастрофата на Ерменците ја заокружи Енкунку со головите во 69. и 76.минута од пенал.