(Видео) Реал во 95.минута ја одложи промоцијата на Барселона во нов шампион


13044734.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Барселона беа на помалку од една минута од тоа да станат нови шампиони на Шпанија веќе во среда навечер, иако не излегоа на теренот.


Откако славеа во „Ел Класико“, Каталонците беа на прагот да ја прослават 28-та шампионска титула, но благодарение на голот на Јакоб Рамон во 90+5. минута, сепак, ќе мора да почекаат до четврток и дуелот со градскиот ривал Еспањол за промоција.

Тимот на Карло Анчелоти ја победи Мајорка со 2:1 во 36-то коло на „Сантијаго Бернабеу“ и сега има четири бода помалку од Барселона.

Реал имаше 26 корнери, гостите ниту еден, но победија само во последните моменти од натпреварот… голманот на Мајорка Лео Роман блескаше со 11 одбрани.

Во 11.минута гостите од островот ги шокираа навивачите и играчите на Реал кога Валјент го совлада Куртоа.

Реал во „шарен“ состав доминираше, создаваше шанси, но и промашуваше. Сепак, во 68. минута, Килијан Мбапе со соло акција успеа да го најде пат до противничката мрежа. Тоа беше неговиот шести гол во последните четири натпревари во првенството, 28 во Ла Лига и односно 40. во неговата дебитантска сезона во дресот на Реал.

Прославата во Барселона беше во полн ек и се чекаше последниот свиреж на судијата Алберола на „Бернабеу“, но… 20-годишниот Рамон го постигна првиот гол во сезоната во својот втор натпревар во Реал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK