Фудбалерите на реал Мадрид не блескаа но успеаја да ја забележат првата сезонска победа во Примера. По нерешениот исход против Мајорка, Реал на домашен терен го победи Ваљадолид со 3:0 (0:0).
Четата на Карло Анчелоти одигра просечен натпревар, во кој упатија само шест удари во голот на Ваљадолид.
Фановите на „Сантијаго Бернабеу“ дојдоа да го видат првенецот на Килијан Мбапе во Примера, но го видоа деби голот на тинејџерот Ендрик.
Реал 50 минути се мачеше да го скрши отпорот на гостите, на крајот тоа му успеа на Феде Валверде.
What a finish from Federico Valverde (26) to give Real Madrid the 1-0 lead at home against Real Valladolid. ⚽️🇺🇾
Rodrygo (23) gets the assist 🪄🇧🇷pic.twitter.com/zPJHKVx9nw
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) August 25, 2024
Победата да изгледа убедливо се погрижија Брахим Дијаз во 88. и Ендрик во 96.минута од натпреварот.
BRAHIM DIAZ WHAT A FINISH! 🤍pic.twitter.com/ehpwtPhdHs
— TC (@totalcristiano) August 25, 2024