(Видео) Реал на бразилски погон ја декласира Валенсија

Видео-Реал-на-бразилски-погон-ја-декласира-Валенсија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA



Реал Мадрид ја декласира Валенсија со 5:1 во последниот натпревар од саботната програма во Примера. Со овој триумф Реал повторно има два бода помалку од лидерот на табелата Џирона.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ со спектакуларен гол, во третата минута, го отвори Дани Карвахал. Ова е втор гол за него од почетокот на сезоната.

Неколку минути подоцна Тони Крос од слободен удар ја погоди гредата,

Следуваше добар период за Валенсија, создаде три чисти шанси, два пати Луни ги одбрани ударите на Уго Дуро, а во третиот обид напаѓачот на Валенсија биеше лошо и топката заврши крај голот.

Казната за нереализирани шансо дојде во 42.минута кога Винисуус зголеми на 2:0. Истиот играч на стартот од вториот дел го постигна третиот гол за Реал.

По Винисусис на сцена стапи неговиот сонародник Родриго кој со два гола го комплетираше дебаклот на Валенсија.

Почесниот гол за „љиљаците“ го постигна Уго Дуро во 88.минута.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK