(Видео) Реал испишти 0:2 во Елче, па победи во 92-та минута


14294786.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал Мадрид успеа да извлече победа во шестото коло од Ла Лига. Тимот на Жозе Мурињо го победи Елче со 3:2 на гостински терен, иако испушти предност од два гола. Спасител на Реал беше Карлос Еспи, кој ја постигна гол за победа во втората минута од судиското продолжение. Младиот напаѓач кој летово дојде од Леванте, веќе го исплати својот трансфер. Втор пат во судиското надополнување постигна гол за победа, истото го направи во првото коло, против Еспањол.


Реал поведе во 25-та минута. Топката , по совршениот слобден удар од Гулер, удри во стативата и заврши во мрежата по несреќната реакција на домашниот голман Матијас Дитуро.

Само осум минути подоцна, Килијан Мбапе го зголеми резултатот на 2:0. Му асистираше Јан Диоманде, и се чинеше дека мадридскиот тим ќе го заврши натпреварот без поголеми проблеми.

Гостите имаа водство од два гола по првото полувреме, но Елче се врати во второто полувреме. Абиел Осорио го намали резултатот на 2:1 во 71-та минута и го врати домашниот тим во игра. Реал не успеа да го реши натпреварот, а казната стигна 12 минути подоцна.

Фернандо Нињо постигна гол во 83-та минута за 2:2 и предизвика делириум на трибините.

Реал влезе во финшот од натпреварот откако ја изгуби предноста што ја имаше речиси еден час, а се чинеше дека Мурињо ќе остане без два важни бода. Сепак, Реал го имаше последниот збор. Во втората минута од судиското продолжение, Карлос Еспи, по несебичната асистенција од Мбапе, постигна гол за 3:2 и му донесе победа на Мадрид во натпревар во кој тие дојдоа од речиси целосно контролирана ситуација до работ на голем неуспех.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK