(Видео) „Ракетата“ на Ракитиќ ја спаси Севилја од пораз

Видео-„Ракетата-на-Ракитиќ-ја-спаси-Севилја-од-пораз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA



Фудбалерите на Севилја и Бетис ремизираа 1:1 во големото дерби од 13. коло на Ла Лига.

Бетис во дербито на Андалузија и градот Севилја, беше подобра противник на теренот. Иско доминираше на теренот, а „зелените“ имаа целосна контрола врз топката. Белерин постигна гол во 20.минута кој беше поништен поради офсајд, а потоа Дмитровиќ го спречи Миранда да постигне гол.

Севилја во вториот дел воспостави контрола, но остана на определбата од транзиија да ги чека своите шенси. Во средишницата од вториот дел Ен Несири ја погоди стативата.

Бетис дојде до предност во 72.минута. Дмитровиќ лошо боксуваше, само му ја спушти топката на Перез кој ја погоди празната мрежа.

Седум минути подоцна голчите постигна Иван Ракитиќ. Поранешниот хрватски репрезентативец со страотен удар од 25 метри ја затресе мрежата на Севилја.

До крајот немаше промена на резултатот, па Бетис сега е седми со 21 бод, Севиља е 13-та со 12 бодови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK