(Видео) Раја и Гимараеш за триумф на Арсенал во Сандерленд


screenshot-2026-09-12-232048.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Арсенал го победија Сандерленд со 2:0 во 4. коло од Премиер лигата. Арсенал ја започна новата сезона совршено. Актуелниот шампион на Англија ги доби сите четири од првите четири кола.


Возбудлив натпревар одиграа домаќнот и актуелниот првак на „Стадионот на светлината“ во Сандерленд.

Првото полувреме не донесе многу возбудувања, но Арсенал пропушти две големи шанси да поведе.

Второто беше супер интересно. Во 56-та минута беше досуден пенал за домашните „Црни мачки“, шутираше Енцо Ле Фе, но голманот на „Топџиите“ Давид Раја направи фантастична одбрана.

Во следниот напад, Арсенал поведе. Само две минути и две секунди по одбранетиот пенал, Бруно Гимараеш испрати вистинска „бомба“ кон голот на Сандленд. Незаборавно деби за Бразилецот, кој пристигна ова лето како големо засилување од Њукасл.

Сандарленд продолжи да притиска. Арсенал се бранеше добро до 80-та минута, а потоа домаќините тргнаа на „сè или ништо“.

Во 84-та минута, Раја спречи израмнување, откако го одбрани ударот на Мукиеле, Сандерленд напаѓаше до последниот свиреж на судијата, но не успеа да освои бод.

На крајот, го прими вториот гол, бидејќи во 95-та минута по контрата на Арсенал Сака му избега на Рејнилдо, кој направи фаул за пенал и го доби вториот жолт картон.
Букајо Сака биеше од 11 метри и ги постави конечните 0:2.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK